Австралиски експерти за монтажна архитектура, дизајнираа возбудлива куќа од пет ката, кој виси над океанот.
Дизајнот е креиран како одговор на се поголемот број барања од клинетите, кои што го истражуваат животот на екстремни места во Австралија.
Наместо да биде изградена долж хоризонтот, куќата изгледа како да е дел од Земјината површина. Исто така нејзината единствена позиција, овозможува неверојатна врска со океанот, кој што се наоѓа под неа.
Во куќата се влегува од горната страна, каде што се наоѓа и паркинг просторот. Катовите, дневната просторија и кујната ги поврзуваат лифт и скали.
Иако се уште е само концепт, „Куќата која што виси над океанот“ може да обезбедни ефикасно и иновативно живеалиште меѓу карпите.
Е. Г.