Најмалку 26 лица загинаа во пожар во мексиканскиот енергетски гигант Пемекс, во близина на границата со САД.
„За жал, бројот на загинатите во несреќата достигна 26“, соопшти компанијата.
Пожарот кој избил во 10 часот и 45 минути го оштетил гасоводот и контролните вентили.
Како што наведува Пемекс, пожарот е угаснат, а гасоводот затворен.
Нафтоводите во Мексико се честа мета на крадци, кои се одговорни за неколку експлозии во последно време.