ОН и Палестинците бараат 550 милиони долари за Појасот Газа

Од:

Обединетите нации и палестинската Влада ги повикаа меѓународните донатори да обезбедат 550 милиони долари помош за стотици илјади жители на Појасот Газа по седумнеделната офанзива на Израел.

На 12 октомври во Каиро ќе се одржи донаторска конференција за Појасот Газа.

– Штетите и уништувањето се без преседан во Појасот Газа, изјави Џејмс Роули, хуманитарен координатор на ОН за палестинската територија, истакнувајќи дека кризата е далеку од завршена.

Според Роули и палестинскиот вицепремиер Мухамед Мустава хуманитарните потреби за Газа изнесуваат 550 милиони долари неопходни за обезбедување помош во храна, пристап до чиста вода за пиење, здравствена заштита и образование.

Израел на 8 јули почна офанзива врз Појасот Газа како одговор на ракетните напади на Хамас и други милитантни организации во Газа. Според ОН убиени се 2.100 Палестинци, меѓу кои 70 проценти се цивили. На израелска страна загинаа 67 војници и шестмина цивили.

Би можело да ве интересира

Борел: Земјите-членки на ЕУ поделени за палестинското прашање

Како гласаa Македонија и регионот за резолуцијата со која се зацврстува статусот на Палестина во ОН

Борел: Шпанија, Малта, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина

Генералното собрание на ОН треба да ја поддржи кандидатурата на Палестина за членство

ОН наскоро ќе гласаат за можноста за меѓународно признавање на Палестина

Катерина Ѓуровски

Си Џинпинг: Кина го поддржува полноправното членство на Палестина во Обединетите нации