Францускиот претседател Франсоа Оланд во врска со кризата во Украина смета дека е многу важно да се намалат тензиите и да се почитува прекинот на огнот, со што би можело да се запре воведувањето на веќе договорените санкции на ЕУ против Русија.
Ова, како што пренесоа чешките медиуми, го изјави Оланд на денешната средба со претседателот на Чешка, Милош Земан во Париз, јави дописникот на МИА од Прага.
– Сосема се согласуваме во тоа, дека наша најголема опасност е меѓународниот тероризам, без разлика под било која друга религиозна или теолошка етикета се крие, рече Земан по средбата со својот француски домаќин.