Зголемен бројот на апликантите за азил од БиХ во Германија

Од:

Неколку илјади граѓани на БиХ и оваа година побарале азил во некои од земјите-членки на ЕУ, а на врвот на листата на нивните најпосакувани дестинации и понатаму се наоѓа Германија, пишува весникот „Независне новине“.

Босанските власти се надеваат дека таквата ситуација ќе се промени доколку Владата во Берлин наскоро ја стави БиХ на списокот на безбедни земји.

Според податоците со кои располага босанското Министерство за безбедност, од почетокот на годинава до април азил побарале 3.587 државјани на БиХ, што е зголемување од 40 отсто во однос на една година претходно.

Најмногу барања, дури 3.091, се поднесени во Германија, а втора е Шведска со 280 апликации за азил.

Горниот дома на германскиот Парламент би требало на 19 септември да ја разгледа одлуката за прогласување на БиХ, Србија и Македонија за безбедни држави, што би значело забрзување на процесот за разгледување на барањата за одобрување азил.

Воедно можноста за добивање азил во Германија за граѓаните од овие три земји би била минимална, бидејќи со ваква одлука би морале да докажат дека бараат азил од политички, а не од економски причини.

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени