Кривична пријава за жител од Горно Татеши за недозволено чување оружје

Од:

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против лицето Ф.Б.(20) од струшкото село Горно Татеши.

СВР Охрид денеска соопшти дека на 24 јули годинава, при претрес во неговиот дом, полициските инспектори пронашле една полуавтоматска пушка со бајонет сокриена во спалната соба и еден оптички нишан марка „Гамо“.

– Дополнително, во платнена зелена торба од заштитна маска пронајден е еден револвер марка „Екол Випер“ калибар девет милиметри, два држачи за куршуми и една празна рамка за полуавтоматска пушка, информира СВР Охрид.

Одземеното оружје е предадено на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје од каде, по извршените анализи утврдено е присуство на нитратни честитки во цевките од оружјата.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Извршени се 47 претреси, уапсени се 16 лица, запленета е дрога, оружје и муниција

Горан Наумовски

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба