Истрага: Малезискиот авион бил погоден од „бројни предмети“

Од:

Патничкиот „Боинг 777“ на малезиската компанија „Малезија Ерлајнс“ се распарчил на делови уште при летот, откако претходно бил погоден од „бројни предмети“ кои го пробиле трупот на авионот, кој во тој момент се движел со голема брзина, тврдат во својот извештај холандските експерти.

Експертите од холандската Комисија за безбедност во авионскиот сообраќај, во извештајот што денеска е објавен, не кажуваат за какви „предмети“ станува збор, но тврдат дека нема никакви докази за техничка или за човечка грешка во текот на летањето која би го предизвикала падот на авионот.

Сите 298 патници и членови на екипажот загинаа при падот на „Боингот“ што леташе на својата редовна линија од Амстердам кон Куала Лумпур.

Несреќата се случи на 17 јули, во реонот на Источна Украина, во Доњецката област.

Властите во Киев веднаш ги обвинија проруските сепаратисти за соборувањето на авионот.

Според украинските власти, сепаратистите мислејќи дека станува збор за украински воен транспортер, го собориле леталото со противавионските ракети „БУК“ од руско производство.

Западните медиуми ја обвинија официјална Москва за инцидентот, тврдејќи дека ги снабдила сепаратистите со ракетно оружје, што Русија категорично го отфрла. Проруските сепаратисти, исто така, тврдеа дека тие не се виновни за падот на авионот, затоа што немаат ракети со дострел од десет илјади метри, височина на која летал малезискиот патнички авион.

Холандските експерти во својот извештај велат дека наодот за причините за падот на авионот го направиле врз основа на податоците на „црната кутија“ податоците на контролата на летањето на земјата, сателитските снимки и снимките од остатоците на паднатиот авион.

Војс рекордерот што исто така бил испитуван открива дека нема знаци за вонредна ситуација, ниту за технички проблеми кои ги имале пилотите.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Меркел: Путин нема да застане со скрстени раце и да гледа како Украина се приклучува на НАТО

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

Кулеба: Војната нема брзо да заврши

А1он