Специјалните служби на САД и Велика Британија го утврдиле идентитетот на 12 наводни соработници на убиецот на американските новинари Џејмс Фоули и Стивен Сотлаф, егзекутирани од џихадистичката група Исламска држава во Сирија, јави Би-Би-Си.
Според американските и британските разузнавачки агенции осомничените имаат постојан престој во Велика Британија и ги финансираат исламистите во Ирак и Сирија и испраќаат британски муслимани да се борат на страната на ИД.
Британското Министерство за внатрешни работи се надева дека со апсењето на наводните соучесници ќе се прекине не само каналот за поддршка на џихадистите, туку и дека ќе се добијат повеќе информации за убиецот на двајцата американски новинари, познат како Џихад Џон.
– Сега сме 99,9 проценти сигурност кој стои зад името Џихад Џон, изјави анонимен службеник на ФБИ.
Новинарите Фоули и Сотлаф беа обезглавени како одговор на американските воздушни напади врз позиции на ИД во Ирак.