Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави синоќа во Киев дека со одредени земји-членки на НАТО е постигнат договор за директно снабдување со оружје на Украина.
– Со голем број земји членки на НАТО е постигнат договор за директна испорака на модерно оружје што ќе ни помогне да се заштитиме и победиме, се наведува во соопштение на претседателот на Украина.
Претходно претставници на НАТО објавија дека Алијансата нема да испрати оружје во Украина, но дека некои поединечни држави членки на НАТО може тоа да го направат доколку сакаат.