Уште еден Албанец од Македонија убиен во Сирија

Од:

Уште еден Албанец од Македонија е убиен на боиштата во Сирија, како припадник на ИСИС. На социјалните мрежи поставена е негова слика и пишува дека тој загинал како „шехид“.

– Нашиот брат од Скопје, Џелал загина како шехид. Алах го прими како шехид и ќе не обедини во рајот, пишува на страницата на џихадистите.

Со смртта на Џелал Самакова (23), кој за Сирија заминал во април, официјалниот број на убиени Албанци од Македонија на боиштата во Сирија се искачи на десет.

Последните денови од август беше соопштено дека во Сирија е убиен Бурхан Беслими (23) односно Абу Бакар Ал Сидиќ, од Скопје, поточно од населбата Гази Баба. Неколку дена претходно беше убиен стружанец, кој пред заминувањето во Сирија живеел во Австрија, а пред повеќе години се откажал од македонското државјанство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Американската војска уби висок лидер на ИСИС во Сирија

Сириските сили извршија масакр во болница: Крв и тела насекаде „убиваа луѓе во кревет“

Маж од Кичево истепал адвокат во судница

Ал-Шара: Заштитата на Друзите е приоритет за сириските власти

ВИДЕО: Драматична ескалација во Сирија, експлозии во Дамаск

Масакар во Сирија, најмалку 30 убиени, над 100 се повредени