Колекција на извонредни приватни и јавни фотографии ќе бидат претставени на изложба, откривајќи го наследството на една од најпознатите двојки на сите времиња, Џон и Џеки Кенеди.
Фотографиите ги направил Марк Шоу, фотограф на магазинот Лајф, кој беше неофицијален фотограф на претседателот Џон Кенеди и неговата сопруга, но истовремено и нивни близок пријател.
Двојката на фотографиите може да се види во различни ситуации, од службени посети на градовите во САД до приватни моменти заедно со нивната ќерка.
Jacqueline Bouvier и John F. Kennedy сезпознале во 1951 година, кога тој бил конгресмен а таа новинарка на Вашингтон Тајмс. Се венчале во 1953 година, а првото дете го добиле после 4 години.
Сенаторот Кенеди во 1960 година најавил кандидатура за Претседател на САД и со својата сопруга почнал да патува по земјата и да ја промовира својата програма.
Само две недели откако во мртва трка го победи противкандидатот Ричард Никсон и стана Претседател на САД, ЏФК и Џеки го добиле своето второ дете. Три години потоа роден е Патрик Бувие Кенеди, но заради проблемите со белите дробови по само два дена починал.
Но тука не бил крајот на трагедиите. Во ноември истата година , ЏФК е убиен во Далас, а Џеки стана вдовица на 34 години.
Џеки Кенеди умре во 1994 година, 31 година после Џон Ф. Кенеди.