Новиот тајландски премиер, Прајут Кан-Ока соопшти дека неговите политички противници му прават магии и дека на тие злодела одговорил со иста мерка, со црна магија.
Како што пренесуваат тајландските медиуми, тој смета дека за неговите проблеми со грлото и болките во вратот, се виновни неговите противници.
-Доколку ги сакате ритуалите со црна магија, повелете – им порача тој на своите противници, пренесе „Бангкок Пост“.
Прајут додаде дека неговата црна магија ќе ги одврати натприродните напади, кои што се насочени кон него.
Инаку тој минатиот месец е именуван за премиер, откако едногласно беше избран од новиот парламент кој го именуваше тајландската армија.
Е. Г.