Руски и американски официјални претставници в четврток ќе имаат состанок во Москва за да разговараат за спроведувањето на Договорот за уништување нуклеарно оружје од среден дострел, соопшти руското МНР.
Со тој договор, уништени се нуклеарни и конвенционални балистички ракети што се лансираат од земја и крстосувачки ракети дострел меѓу 500 и 5.500 км.
– Сметаме дека тоа е важен договор и би требало адекватно да се примени, изјави Михаил Уљанов, шеф за неширење и контрола на оружје во руското МНР.
Руски генерал претходно изјави дека Русија оваа година би можела да се повлече од тој договор.