Италија е подготвена да учествува со воена авијација во операции против исламистите во Ирак, изјави италијанскиот министер за одбрана Роберта Пиноти.
Таа прецизира дека Владата во Багдад не упатила таква покана до Рим и италијанската страна засега се воздржува од бомбардирање позиции на радикалите од Исламска држава во Ирак.
– Ако такво барање постои, веројатно Италија ќе треба да преземе одговорност, изјави Пиноти за италијански медиуми. Таа додава дека Исламска држава е сериозна закана за сите држави од НАТО. Пиноти потенцира дека Италија нема намера да испраќа војски во Сирија.