Иницијативата АМАН предупреди дека ќе биде посебно претпазлива кон политичките манипулации и дека протестите исклучиво ќе имаат граѓански карактер.
Освен од поскапувањето на струјата и парното греење тие се револтирани и од односот на јавниот сервис МРТВ кој има обврска да ги пренесува нивните активности но досега не го направиле тоа.
Од АМАН го продолжуваат денешниот протест пред Македонската Телевизија која како штп рекоа, граѓаните ја плаќаат за да ја пренесува вистината.
Демонстрантите повторно ги истакнаа своите барања за враќање на старите цени на струјата и парното грење од 2008 година и бараа укинување на ставката од 33% за ангажирана моќност.