Литванија се пласира во четвртфиналето на Светското првенство

Од:

Репрезентацијата на Литванија успеа да се пласира во четвртфиналето на Светското првенство во кошарка откако попладнево го победи Нов Зеланд со 76:71. Во следната рунда Литванија ќе игра со победникот од дуелот Турција – Австралија, кој се игра вечерва од 20 часот истотака во Барселона.

Литванија подобро го почна натпреварот и на крајот од првиот период имаше 14 поени предност (23:9) што беше и највисока разлика уште во неколку наврати во текот на натпреварот. Но, Нов Зеланд успеа да се врати и по серијата од 12:0 за првпат поведе во 59:58 во 33.минута. Сепак фаворитот Литванија во финишот го искористи искуството за да стигне до победата.

Во Мадрид во тек е осминафиналето меѓу Србија и Грција, а во 22 часот ќе играат Аргентина и Бразил.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос