ВМРО-ДПМНЕ: Развиваме социјален дијалог и партнерски однос кон синдикатите

Од:

Владата предводена од ВМРО–ДПМНЕ е единствената којашто воспоставила и континуирано развива социјален дијалог и партнерски однос кон синдикатите. СОНК е еден од партнерите во креирањето на политиките во образованието, науката и културата, којшто за секоја реформа и промена, секогаш бил консултиран и сите издржани сугестии, забелешки и предлози биле прифаќани, а новините партнерски спроведувани, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, во врска со денешната прес-конференција на генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски и соопштението на СОНК.

„Изминатитe години покажавме максимална посветеност кон просветните работници и воопшто, сите вработени во образовната сфера. Не изостана грижата кон нив и кон нивните семејства, преку континуирано подобрување на нивната социо-економска и општествена положба. Фактите говорат дека платите на вработените во образованието, во изминатите неколку години се зголемени тројно повеќе. Компаративно, ако во 2000 година најниската плата изнесуваше 3.400 денари, а највисоката 7.600, во 2013 година тие износи се зголемени на 10.655, односно 20.694 денари“, се наведува во соопштението.

Во 2008 година, се наведува во реакцијата, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ заедно со социјалниот партнер СОНК, го потпиша новиот Колективен договор со кој настана промена во исплатата на плати на вработените во образованието, односно на наставниците, чијашто плата наместо по степен на образование, веќе шестта година им се исплаќа по работно место.

„Дополнително, околу 1500 лица – наставници, педагози, психолози и технички персонал од 2009 година до сега се вклучени во системот основно и средно образование во Република Македонија, кои добиваат континуиран професионален развој и кариерен напредок“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ би имале 52 пратеници а СДСМ 21, изгубија 140.000 гласови и попусто лажат со весели математики

ВМР0-ДПМНЕ: Ако утре има парламентарните избори, ќе освоиме над 60 пратеници, а СДСМ би била во некои изборни единици трета партија

ВМРО-ДПМНЕ: Освоивме 550 советнички места, повеќе за 82 од минатите локални избори, а СДС освои само 230 советника, што е помалку за 166