Нигериската армија уби над 50 борци на исламистичката група Боко Харам при операција во североисточниот дел од земјата.
Војниците им заплениле оружје на екстремистите, вклучувајќи балистички ракети, оклопно возило и муниција.
Боко Харам, пак, изврши напад врз едно село во североисточната држава Адамава, во близина на границата со Камерун.
Ситуацијата во овој дел на Нигерија е многу тешка. Боко Харам моментно во регионот извршува силна офанзива, преземајќи под своја контрола неколку населени места.