(ВИДЕО) Спасовски: Власта да се повлече од кршење на уставот и работничките права

Од:

СДСМ бара власта на Никола Груевски веднаш да ги повлече спорните измени на законите за средно и основно образование.

Измените што власта сака набрзина да ги протурка во Собранието, по скратена постапка, се неуставни, нечовечни, недемократски, ги кршат работничките права и меѓународните конвенции. Со овој потег, власта покажа дека се плаши. Се плаши од незадоволството во образованието. Се плаши од разочараните наставници кои со години ги лажат со постојани ветувања кои остануваат на хартија. Власта се плаши од револтот кој го создаде нивната политика на хаос во образованието, вели Оливер Спасовски.

Како никогаш досега, додава тој, сите во образованието се незадоволни и иритирани: и наставниците и родителите и учениците. Соочени со најавата за сериозен штрајк во образованието, власта реши да примени потег на очајник: да спречува легитимен штрајк и да праќа закани со заменик-наставници.

Уставно загарантираното право на штрајк (член 38) претставува темел на основните работнички права. Согласно Уставот, со закон може да се ограничи правото на штрајк само кај вооружените сили, полицијата и органите на управата. Јасно е, надвор од овие три сфери, како што е образованието, пропишувањето услови за ограничување на правото на штрајк е неуставно, изјави Спасовски. 

Дополнително, преседанот што го турка власта со овие измени е спротивен и со меѓународните конвенции што Македонија ги има ратификувано. Конвенцијата 87 за слободно здружување, на Меѓународната организација на трудот, инаку дел од ОН, ја потврдува неможноста од ангажирање на „привремени работници“.

Намерите се јасни. Не држат оправдувањата на власта. Груевски спроведува нова неправда врз работниците. Неможејќи да ги реши проблемите, уплашен од незадоволството се обидува да создаде законска можност за замолчување на оние што сакаат да кренат глас против последиците од неговите политики.

Пред една година, со судска одлука беше ограничен штрајк на лекарите. Сега со закон се обидува да се спречи штрајкот на просветарите, наставниците. Што е следно?

Во кои други области власта има план да забрани штрајк или да воведе „резервни кадри“?

Уште еднаш. Бараме итно повлекување на законот. Ги повикуваме сите синдикати да дигнат глава и да се спротивстават на кршењето на Уставот и одземањето на клучното право, правото на штрајк. Кршењето на клучната меѓународна конвенција за слободно здружување покажува дека власта се плаши од оправданиот револт во образованието.

Власта мора да се повлече од кршење на уставот и работничките права, заврши секретарот на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Mакедонската интеграција во ЕУ е сè подалечна поради политиките и изборите на власта

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ковачки: Целта на Бугарија е бришење на јазикот и удирање на идентитетот, СДС знаеше за ова и го дозволуваше истото

СДСМ: Мицкоски тера партиски трибини додека луѓе гинат во пожарите, целосно е одлепен од реалноста

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ликува на пожарите, додека некој постојано подметнува пожари низ државата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Гори цела Македонија, Владата нема контрола врз пожарите

(ВИДЕО) СДСМ бара вонредна координативна седница во Собранието за справување со пожарите