Групна крштавка на 27 возрасни во Тетово

Од:

Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф чиноначалствуваше со групна крштевка на 27 возрасни, што се одржа денеска во дворот од соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“ во Тетово.

За г. Јосиф ова е дел од мисионерската улога во православната црква да бидат примени сите оние кои не биле крстени претходно од најразлични причини.

– Како православна црква треба да се грижиме за таквите луѓе, бидејќи за да се стане член на православната црква мора да сте крстени. Сите други свети тајни произлегуваат од тој прв услов, значи некој за да се венчава мора да биде крстен, изјави господин Јосиф и најави и следни вакви активности во неговата епархија.

За новокрстените верници, пак, денешното кршатавње значи исполнување на дамнешна желба.

– Од одредени причини не сум бил крстен. Сакав да одам во Ерусалим и таму да се крстам, но еве денеска го искористив тоа право и среќен сум што се крстив, рече Душко Игновски.

– Сега дошло времето, така може требало да биде. Пресреќна сум, имав трема но прва скокнав и фала им на тие што ова го организирале, изјави Стојна Јовановска.

– Радостен чин, свечен за сите, и сметам дека во црквите ова треба почесто да се прави, бидејќи е радост голема за цел народ и за мене, рече Саве Попи.
Во март годинава митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф изврши групна крштавка на седум деца во манастирската црква „Свети Атанасиј“ во Лешок, како и групна венчавка на седум двојки во црквата „Свети Наум Охридски Чудотворец“ на Попова Шапка.

Би можело да ве интересира

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски