САД и Шпанија лесно во четвртфиналето на Светското првенство

Од:

Кошаркарите на САД и на Шпанија кои се најголеми фаворити за пласман во финалето на Светското првенство остварија сигурни победи во осминафиналните дуели. Синоќа домаќинот Шпанија во Мадрид ја победи селекцијата на Сенегал со 89:56, додека Американците во Барселона славеа над Мексико со 86:63.

Најнеизвесно беше на дуелот меѓу европскиот првак Франција и Хрватска, каде Французите победата (69:64) ја обезбедија во последната минута, додека Словенија оствари триумф над Доминиканска Република со 71:61.

Според резултатите досега познати се и две четвртфинални двојки: САД – Словенија и Шпанија – Франција.

Денеска се играат другите осминафинални натпревари: Нов Зеланд – Литванија (почеток 16 часот), Србија – Грција (18 часот), Турција – Австралија (20 часот) и Бразил – Аргентина (22 часот).

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос