Повредени неколку странски државјани во сообраќајка кај Демир Хисар

Од:

На регионалниот патен правец Демир Хисар-Кичево, помеѓу населените места Сопотница и Жван, кај местото викано „Грбла“ денеска се случила сообраќајна несреќа во која се повредени неколку лица, странски државјани.

Од СВР-Битола потврдија дека попладнево во 13:45 часот се случила сообраќајка, во која учествувале автобус и камион.

– Во сообраќајната несреќа учествуваа автобус со скопски регистарски таблици кој сообраќал на релација Кичево-Демир Хисар и товарно возило камион со приколка кое се движело во обратна насока. При судирот на возилата повредени се неколку лица странски државјани кои веднаш се пренесени во Клиничка болница-Битола, информираат од СВР-Битола.

На местото на сообраќајната несреќа во тек е истрага за причините и последиците од тој настан, за што се вклучени стручни лица од полицијата и истражен судија.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајна несреќа кај Камењане, осум лица повредени

Тројца повредени во сообраќајка на патот село Караорман – Штип

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на регионалниот пат село Караорман – Штип

Петмина повредени во сообраќајка на автопатот Скопје – Велес

Струмичанец e тешко повреден во несреќа кај кавадаречкото село Марена

Горан Наумовски

Две лица повредени во сообраќајна несреќа на скопската обиколница