Избрани членовите на Академијата за убави уметности во Вевчани

Од:

Професoрките Гордана Силјаноска и Мирјана Алулоска – Мирческа, писателите Бранко Цветкоски и Јован Стрезоски, архитектот Јован Стефановски – Жан, режисерот Дејан Пројковски и естраднот уметник Дарко Гелев – Брејк се дел од членовите на Академијата за убави уметности Вевчани што денеска беа избрани на конститутивното Собрание.

Целта на Академијата, според Жан, кој е претседател на иницијативниот одбор, е да го афирмира Вевчани, но и Охридско-струшкиот регион, а со тоа целата држава со својата посебност, историја, карактеристика, обичаи, препознатливост и идентитет.

– Академијата треба да придонесе во развојот на општината во секој сегмент на неговото постоење, особено во развојот на туризмот, на културното обележје особено за убавите уметности и воопшто да го збогати културното ниво на настани. Да придонесе во валоризацијата на креативните личности од регионот и пошироко, да поттикнува нови особено млади твроци во сите сегменти на убавите уметности и со своите креативни дела да допринесе во продолжувањето на митот за Вевчани, рече Стефановски – Жан.

Градоначалникот на Вевчани Цветомир Угриноски очекува Академијата да претставува исчекор во досегашното организирање на научно-уметничките кадри.

– Нашата организациска поставеност ќе придонесува за доградба на сето постојно во нашата држава, а се однесува на планот на унапредувањето на науката, уметноста, културата и вредностите.Нашата Акдемија тесно и долгорочно ќе соработува со сите постојни институции во РМ, а кои се во доменот на интересирањата на темите и уметничките дострели да ги поттикнува младите кадри да ја развиваат и унапредуваат нашата научна мисла, убавата уметност, литературата, историјата, културата, филмот и другите неспомнати компоненти од нашиот живот, истакна Угриноски.

Академијата, додаде тој, ќе има седум седум одделенија, меѓу кои за традиција, култура, за историја и литература, за информатика, технологија и медицина,за општествени науки и човекови права, за забава и спорт….

Поетот Бранко Цветкоски изрази надеж дека со својот книжевен опус ќе може да придонесе Вевчани да се прероди одново во едно собиралиште на меѓународен поетски план.

– Пред 30-тина години Вевчани стана познато во светот по својата храброст, одважност и отстапка кога ги собра поетите од Струшките вечери да се борат во името на слободата на личноста. Тоа залужува и голем ангажман и мислам дека оваа Академија ќе прерасне во меѓународно собиралиште на писатели, подвлече Цветкоски.

За професорката Силјаноска ова е еден извонредна идеја по што Вевчани ќе биде запаметено и препознатливо и е еден од најубавите настани земајќи ја во предвид вековната традиција на Вевчани.

– Вевчани е најсоодветно место за создавање ваква Академија, ако се има во предвид вековната традиција во неимарство, извонредни градители, во смисла на убаво, непокор, креативност, духовитост, дух, што е веројатно најважно за опстанокот на Вевчани, но и за опстанокот на Македонскиот народ, истакна Силјаноска, додавајќи дека ќе работи во областа за опшестевни работи, каде ќе функционира одделението за човекови права за што Вевчани честопати го посочува како пример на заеднца нешто што неможе да се укине со закон.

Академијата на убави уметности ќе работи на повеќе области почнувајќи од културата, науката, уметноста, човекови права…

Би можело да ве интересира

Обвинителството ги утврдува причините за смртта на седумесечното бебе од Вевчани

Почина седумесечно бебе во болница во Охрид: Паднало од кревет во домот во Вевчани

A1on

Во Вевчани: Маж со пушка пукал кон домашни миленици

Приведен вевчанец, пукал со пушка во домашни кучиња

СДСМ: Градоначалникот на Вевчани и ВМРО-ДПМНЕ се неспособни да поднесат навремена апликација за финансирање на Карневалот

Ана Ололовска

Влајнкиноски: И покрај опструкциите од СДС-ДУИ и од Костадиновска и оваа година Вевчански карневал ќе има

Ана Ололовска