(ВИДЕО) Ковачевски: Милионските тркала и палми се поважни од здравјето на битолчани

Од:

Усвоениот ребаланс на Буџетот уште еднаш го покажа игнорантскиот однос кон Битола од страна на централната власт. Битола е на самиот врв по полнење на државната каса, а не доби ниту една капитална инвестиција, ниту ќе реши голем инфраструктурен проблем. Иако заболувањата кај граѓаните на Битола очајно се во пораст, нема пари за нови заштитни филтри на оџаците во РЕК Битола. Но затоа ЕЛЕМ и МЕПСО ќе имаат управни згради од милиони евра во барок стил. Битола ќе нема и понатаму мерни станици, иако загадувањето на воздухот во градот е алармантно. За власта на Груевски поважни се егзотичните палми од половина милион евра, изјави денеска пратеникот на СДСМ Васко Ковачевски.

Според него, петтиот канал за собирање на отпадните води и фекалиите ќе чека, пречистителна станица ќе нема, но затоа пак на плоштадот во Скопје ќе се гради нова фонтана од 2.5 милиони евра.

– Не само што ќе се разболуваме, туку и натаму ќе нема каде квалитетно да се лечиме.Болницата во Битола, и понатаму ќе тоне во долгови. Ќе биде потопена и од првиот поголем дожд. Ќе ги нема и потребни лекови и реагенси за пациентите. За власта на Груевски приоритет е трошењето на 18 милиони евра за Панорамското тркало во Скопје. Ќе чека и најавениот нов стадион во Битола. Стадионот Филип Втори во Скопје треба да добие нова милионска фасада. Нема пари ни за обновување на изгорениот до темел Планинарски дом Копанки, иконата на Битола. Нема пари ниту за жичара на Пелистер. Груевски сака нова жичара од Водно до Капиштец во Скопје. Битола со својата големина и функционалност, како економски, културен и образовен центар ова не го заслужува! Но власта на ВМРО-ДПМНЕ не се води од интересите на граѓаните. Ниту од интересите на граѓаните на Скопје, ниту пак од интересите на граѓаните на Битола. Тие се водат исклучиво од своите бизнис интереси. Тие што направија огромна буџетска дупка и задолжија и сегашни и идни геренации во Република Македонија – изјави Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски сака обвинител под негова контрола, затоа се крие зад Левица, велат од СДСМ

„Идеа Лаб“: Успешно го организиравме ЕМОФ за што добивме потврда лично од претседателот на Европскиот олимписки комитет

Горан Наумовски

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја избриша лажната фотографија – Лефков и Мицкоски јавно да се извинат за лагите

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

За младите на Олимпијадата немало пари, ама имало за ПР агенции на власта, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: На Скопје не му требаат рецилираните споменици од времето на режимот