Поради поројните дождови од ураганот Норберт, почна евакуација долж брегот на мексиканската држава Долна Калифорнија, а метеоролозите најавуваат дека бурата во текот на викендот може да погоди дел од југозападот на САД.
Гувернерот на Долна Калифорнија, Маркос Коварубијас апелираше луѓето во подрачјата погодени од ураганот да се евакуираат, а туристите да не ги користат автопатиштата.
Тој додаде дека администрацијата нема да работи или ќе работи со намален капацитет, а училиштата во Лос Кабос и Ла Пас од вчера не работат. Најмалку илјада луѓе вчера беа во прифатилишта во Лос Кабос.