Започнува нокаут фазата на СП во кошарка

Од:

По денот пауза на Светско првенство во кошарка кое се одржува во Шпанија денеска стартува нокаут фазата.

На програмата се четири натпревари од осминафиналната рунда. Од 16 часот актуелниот светски шампион репрезентацијата на САД игра против најголемото изненадување на првенството Мексико. Овој натпревар се игра во Барселона, каде во терминот од 20 часот ќе започне средбата меѓу Доминиканската Република и Словенија.

Во Мадрид, првиот натпревар е закажан за 10 часот, а во него европскиот првак Франција за противник ја има Хрватска. Во последниот термин од 22 часот, домаќинот Шпанија е апсолутен фаворит во дуелот со репрезентацијата на Сенегал. Преостанатите четири осминафинални натпревар ќе се играат утре (недела), а двојките се: Нов Зеланд – Литванија (16 часот), Србија – Грција (18), Турција – Австралија (20) и Бразил – Аргентина (22).

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос