Москва: Кризата во Украина е изговор за ширење на НАТО кон исток

Од:

Кризата во Украина стана изговор за долго негуван план на НАТО за ширење на исток и да ги постави своите сили на границата со Русија, соопшти руското Министерство за надворешни работи, коментирајќи го самитот на Алијансата во Велс.

– На самитоте прифатено движењето што се стреми кон ширење на НАТО кон исток и присуство на Алијансата на руската граница. Тие планови се негувани долго време, а украинската криза е само изговор да се започне со нивно спроведување, се наведува во соопштението.

Руското министерство нагласува дека исходот од самитот ја покажува желбата на НАТО да доминира на воен план, намалувајќи ја својата улога во решавање на вистинските закани, како што се тероризмот и производството на оружје за масовно уништување.

Во соопштението на властите во Москва се наведува дека детално ќе бидат разгледани одлуките донесени на Самитот на НАТО во Велс, со цел да се утврди дали тие во согласност со главните договори што се однесуваат на безбедноста во Европа.

Би можело да ве интересира

Синот на Мицкоски сам го платил патувањето во Вашингтон, Антикорупцска го затвори случајот

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски