Матеј Предовиќ златен олимпиец во роботика

Од:

Матеј Предовиќ седмоодленец од ООУ „Војдан Чернодрински“ го освои првото место на Втората олимпијада по роботика.

Тој, во областа на роботиката, се закити со златниот медал на Олимпијадата во Зрењанин која се одржа 27 до 29 август годинава, на која учестуваа ученици од цела Југоисточна Европа. На овој импозантен натпревар на изуми присуствувале и осмооделенци, средношколци па дури и студенти, а основецот Матеј бил најмалиот натпреварувач.

Негов ментор е професорот по техничко образование Лазе Смилески, кој е пре задоволен од постигнатиот успех на неговиот ученик и изјави дека станува збор за ученик кој има просперитет и афинитет да стане вистински робо-техничар.
-Роботот кој победи во ова натпреварување има за цел да служи за војската и да ги наоѓа непријателите. Тој може да служи за научниците, да истражуваат опасни животни и да ги испитуваат, се користи во градежништвото за испитување на цевки и т.н.. Може да се користи за пронаоѓање на бомби поставени под автомобил – гордо изјави младиот олимпиец.

Матеј го изработил и софтверот преку кој се раководи робот-тенкот а е инсталирана и камера на самиот робот.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Јакимовски мора да биде минато во Kарпош, потребна е промена за крај на бетонизацијата

Јакимовски: Субвенција за секој граѓанин кој ќе набави возило на електричен погон

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје