Палмите во Охрид од минатата година се исушени, а годинава ќе се садат нови

Од:

Палмите не можат да успеат во Охрид. Тоа го покажува сликата со оние кои се засадија минатата година на брегот на Охридското Езеро.

Јавното претпријатие „Македонски шуми“ преку оглас бара понудувач кој ќе набави 1100 нови палми од кои дел треба да се засадат во Охрид.

Минатата година, генералниот директор на ЈП „Македонски шуми“ истакна дека по претходни анализи дошле до констатација дека такви палми издржуваат температури и до минус десет степени, а доколку температурата се спушти под таа граница ќе ги заштителе палмите со фолија или најлон.

DSC01352

Ние направивме анализи и дојдовме до констатација дека оваа палма издржува температури до -10 степени.

Ние ќе дадеме инструкции и упатства до Јавното комунално претпријатие во Охрид, ако има наговестување дека температурата во зимскиот период може да падне и под минус 10 степени да бидат заштитени со фолија или најлон. Кога ќе стекнат одредена зрелост нема потреба од тоа – истакна Караџоски минатата година.

DSC01349

Но, после нецела година, сликата со засадените палми од минатата година го покажува сосема спротивното. Најголемиот дел не само што не успеале да се развијат туку сосема се исушиле.

Се поставува прашањето зошто народните пари да се користат за вакви намени во кои се бесцелно потрошени. Иако стручната јавност минатата година предупредуваше дека палмите не се автохтони растенија за овој предел и дека можат да бидат закана за останатите растенија, минатата година беа засадени околу сто палми.

DSC01351

Откако службите и сами се уверија дека такви растенија не можат да живеат во вакви климатски услови, годината повторно се трошат парите на граѓаните за исти такви растенија за кои однапред се знае дека нема да успеат.

DSC01350

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство

УНЕСКО бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни реткости во опасност