СДСМ: Во ек на жолтица учениците во Струга сами носат сапун

Од:

„Во ек на жолтица во 4 града во Македонија од учениците во Струга се бара да донесат течен сапун.

Укажуваме дека во ниту едно од училиштата не е направена дизинсекција, дезинфекција и дератизација, што може да биде причина за појава на заразни болести. Ова е констатирано и од Центарот за јавно здравје.

Иако постои законска обврска на вработените во училиштата во Струга, не им е направен систематски преглед неколку години. Ова е еден од актуелните проблеми но не и единствен.

Поради огромните финансиски проблеми во образованието, дел од основните училишта, до самиот почеток на учебната година беа без струја поради неплатени сметки. Ова прашање се решаваше во последен момент. Блок дотациите што доаѓаат од Буџетот на РМ наменети за основно и средно образование се далеку од потребите на училиштата.

Долговите на училиштата за огрев, водовод и канализација, ѓубретарина  и превоз на ученици се уште поголеми. Скоро сите основни училишта работат со блокирани сметки. И оние малку пари што доаѓаат на нивните сметки ги земаат извршители.

Поради оваа тешка финансиска состојба на трошоци се изложени и вработените и родителите. Се собираат средства од родителите за варосување на училниците, замена на чешмите, за скршените прозорци, а вработените купуваат хартија за печатење и креди за пишување.

Апелираме  власта итно да се зафати со решавање на горливите проблеми во образованието, коишто се одразуваат врз учениците и задаваат секојдневна главоболка на родителите и вработените во струшките училишта“, изјави Јован Митрески, СДСМ.

Би можело да ве интересира

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Водата од струшкиот водовод небезбедна за пиење поради заматеност

Мртва жена е пронајдена во стан во Струга

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Адвокатот кој го брани Мерко и докторите кои на жена и извадија јајник, матка и бубрег казнет со 3.000 евра

А1он