Објавен повикот за изучување англиски јазик за такси-возачите од Скопје

Од:

Град Скопје денеска објави јавен повик за пријавување такси-возачи за посетување обука за изучување англиски јазик на кој може да се пријавуваат такси-возачи вработени во правни лица лиценцирани за такси-дејност од Град Скопје.

Обуката за изучување англиски јазик опфаќа посетување предавања кои ќе ги вршат професори по англиски јазик и ќе содржи 80 часови, односно 40 блок часови. Трошоците за обука ќе се обезбедат од градскиот буџет.

Како што информираат надлежните, право на учество на јавниот повик имаат сите такси-возачи вработени во правни лица лиценцирани за такси-дејност од Градот Скопје, но да не се постари од 62 години.

Заинтересираните таксисти треба да поднесат пријава до Архивата на Град Скопје во барака број 16 (пријавата може да се подигне од Архивата или да се преземе од интернет-страницата www.skopje.gov.mk. Кон пријавата треба да се достави копија од лична карта и копија од М1/М2 образец за лицето што се пријавува.

Пријавите може да се достават во рок од 45 дена од денот на објавувањето на јавниот повик, а пријавените кандидати ќе бидат известени за периодот, местото и условите за одржување на обуката за изучување англиски јазик.

Би можело да ве интересира

Таксист нападна жена под Железничка станица во Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Летечко такси во Израел започнаа со пробни летови за патниците

Горан Наумовски

Со такси лани превезени 13.566.000 патници

Мариновски: Околу 300 таксисти не можат да работат поради бирократски проблеми со жолтите таблички

Ана Ололовска

Се воведуваат три тарифи за такси превозниците

Таксито во Скопје нема да поскапи