(ВИДЕО) Патничка со мачета во такси – возачот „се смрзна“

Од:

Во рускиот град Самара е снимен инцидент од камера во такси.

Додека вози, патничката му се заканува на возачот со мачета, наводно затоа што не ѝ се допаѓа музиката што свири во автомобилот.

Во видеото може да се види како жената нервозно пребарува во својата чанта, а потоа го вади оружјето и со него удира во седиштето.

Исплашениот таксист потоа го врти возилото на страна и ги крева рацете, молејќи ситуацијата да се смири и ветува дека ќе ја смени музиката, по што се префрла на радио станица со балади.

Штом почувствува дека ситуацијата е под контрола, возачот го запре автомобилот и патничката излезе.

Според „Фри Прес Џурнал“, тој го стори тоа во близина на локалните гробишта бидејќи сметаше дека тоа е најблиската безбедна локација за да ја остави.

Откако видеото почна да кружи на социјалните мрежи, таксистот ја извести полицијата за инцидентот, но не поднесе официјален извештај.

Сепак, полициските власти во Самара започнале истрага и моментално ја бараат жената.

Би можело да ве интересира

Русија ѝ се закани на Австрија

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

Зеленски бара јасни безбедносни гаранции: Кој и како ќе реагира ако Русија повторно ја нападне Украина?

Русија изврши напад врз енергетски објекти и товарен брод во близина на Одеса

Лавров: ЕУ се претвора во милитаристички блок насочен против Русија и Белорусија

(ВИДЕО) Најмалку 26 загинати во руски напад врз хуманитарен центар: „Ова е ужасна трагедија“