„Црн петок“ за Франсоа Оланд

Од:

Ставање пред очите на јавноста на приватниот живот од страна на неговата поранешна невенчана сопруга Валери Триервилер, катастрофални испитувања на јавното мислење, оставка на новоназначен министер, францускиот претседател не можеше да си замисли поцрн крај на една работна недела, која требаша да означи пресврт во неговата политика, јави дописникот на МИА од Париз.

На големо изненадување на сите, само што беше назначен и пред да биде одобрен новиот состав на владата од страна на Парламентот, државниот секретар за надворешна трговија, туризам и за Французите во странство, Томас Тевено (40) мораше да поднесе оставка, поради „неиполнети даночни обврски“, откако беше отркиена неговата даночна ситуација.

Со други зборови, најкратроктрајниот министер на Петтата француска република мораше да поднесе оставка девет дена по назачувањето поради непријавен данок во текот на повеќе години.

Тома Тевено како пратеник беше заменик претседател на комисијата за даночните измами и заменик претседател на комисијата која требаше да врши истрага за даночната ситуација на поранешниот министер за буџет Каузак, кој заборави да пријави дека има фондови во швајцарските банки.

Истиот ден од печат излезе книгата-исповед на неговата невенчана поранешна сопруга Валери Триевеилер, во рекорден тираж од 200.000 примероци, кои се распродаваат како „кроасани“.

Во неа, Треивеилер – новинарка во Пари Мач, открива детали од нивниот приватен живот. Меѓу „најцрните детали“ од книгата е начинот на кој Франсоа Оланд ги нарекувал бездомниците – „беззабници“. Тешко обвинување за кандидатот за претседател на времето кој се прикажувапе дека не ги сака богатите.

Неговата друга поранешна невенчана сопруга, мајка на четрите деца на Оланд и сега министер Сеголен Ројал заедно со Мануел Валс тргнаа во противофанзива за медумските обвинувања, но штетата за Оланд е голема, посебно по назначувањето на влада која е „продесно ориентирана“.

Само за еден ден во продавниците на Фнак беа продадени над 15.000 примероци од книгата.

И дека една лоша вест не доаѓа сама е најновото испитување на јавното мислење – само 13 отсто од Французите имаат доверба во Франсоа Оланд.

За два месеци тој изгуби 5 поени на популарност, а не е подбоар ниту премиерот Мануел Валс кој ја има поддршката од само 30 отсто Французи. Тоа испитување на јавното мислење направено од институтот Те ен СОФРЕС, е дотолку позагрижувачко, бидејќи само еден отсто од анкетираните имаат целосна доверба во Оланд, 12 отсто делумно доверба и 57 отсто од тие кои гласаа за него воопшто немаат доверба.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата