Франција, Хрватска и Мексико обезбедија осминафинале

Од:

Селекциите на Франција, Хрватска и Мексико им се приклучија на деветте репрезентации кои пред одигрувањето на натпреварите од последното 5.коло во групната фаза имаа обезбедено пласман во осминафиналето на Светското кошаркарско првенство во Шпанија.

Французите го совладаа Иран 81:76 во дуелот од „А„ групата и завршија како трето пласирани. Пласман од оваа група обезбедија и, Шпанија, Бразил и Србија.

Во „Б„ конкуренцијата Хрватска беше подобра од Порторико со 103:82, со „Коцкестите„ што им се придружи на Аргентина, Грција и Сенегал кој денеска по продолжение загуби од Филипини 79:81.

Најголемото изненадување го направија Мексиканците кои „Д„ групата ја победија Јужна Кореја со 81:71 и со две победи во групата завршуваат како четврто пласирани, зад Словенија, Литванија и Австралија. Во „Ц„ конкуренцијата со победата Нов Зеланд со триумфот над Финска 67:65, останаа во конкуренција за трите слободни места кои водат во осминафиналето имајќи в предвид дека Американците тука се неприкосновени со пет максимални победи.

За Финците заврши првенството, а дали Нов Зеланд ќе игра во осминафиналето ќе зависи од последниот натпревар во оваа група во кој ќе играат Турција – Доминиканска република. Исходот од овој дуел го исчекуваат и Украинците кои попладнево загубија од САД со 95:71.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос