Македонските екипи ги добија противниците во кошаркарската БИБЛ лига

Од:

Македонски претставници во регионалната Балканска кошаркарска лига (БИБЛ), екипите на Кожув и на Куманово, ги добија своите противници во новата сезона од ова натпреварување.

За разлика од минатата година кога Кожув и Куманово играа меѓусебно во групната фаза, сега топа нема да биде случај. Кумановчани ќе играа во „А„ конкуренцијата, каде за противници ќе ги имаат: црногорските екипи Теодо и Сутјеска, Пеќ од Косово и со Рилски спортист од Бугарија.

Кожув е во групата „Б„ во која се и екипите на: Сигал Приштина, црногорски Морнар, албанска Влазнија како и уште една екипа чие име дополнително ќе биде објавено.

Сезоната ќе започне на 14 октомври, а ден подоцна (15 октомври) Кожув ја пречекува екипата на Морнар, додека Куманово гостува во Пеќ кај истоимената екипа, во првите натпревари од седмото издание на БИБЛ лигата. Според системот за натпреварување, четирите најдобри екипи од двете групи ќе продолжат во следната фаза, која исто така ќе се игра според системот „секој со секого“, по што ќе следува плејоф.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос