Репрезентацијата на Ангола со победа против Австралија од 91:83 ги задржа шансите за освојување на 4. место во Д-групата на СП во кошарка во Шпанија.
Мореира со 38 поени го водеше својот тим до успех и надеж за пласман во осминафиналето.
Ангола сега го очекува епилогот од дуелот Мексико – Кореја кој се игра во 17:30ч.
Во случај на победа на Мексико , Ангола заедно со Кореја ги завршува натпреварите.