А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Акцијата „Подари книга, подари светлина“ на велешката библиотека „Гоце Делчев“

by А1он04/09/2014 - 09:24131
Share0

Локалната библиотека „Гоце Делчев“ од Велес стартуваше со акцијата „Подари книга, подари светлина“.

Добивај вести на вибер

Тоа значи дел од сопствениот непотребен книжен фонд од домашните библиотеки граѓаните да го донираат до 3 октомври во градската библиотека, појасни за медиумите Игор Крајчев директор на библиотеката.

– Акцијата има за цел да ја подигне свеста кај граѓаните околу животниот век на книгите, односно старите и некорисни книги кои ги имаат во домовите да бидат повторно искористени од други корисници, изјави Крајчев.

Тој информира дека дел од книгите ќе подарат на Територијалната противпожарна единица од Велес, а кои пројавиле интерес да оформат интерна библиотека. Дел ќе добие Центарот за социјална работа, а кои понатаму ќе ги распоредат донираните книги.

Ова не е прва акција од ваков карактер на велешката библиотека. Во изминатите години во два наврати се спроведувани акции при што одѕивот од велешани, велат, е на солидно ниво. Имено, досега преку овој начин се донирани вкупно 1.400 книги за библиотеките во манастирот „Прохор Прињски“, училиштето во селото Иванковци и во СОС детското село,потенцира Крајчев.

veles

Би можело да ве интересира

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило затворен автопатот Велес-Градско

Катерина Ѓуровски05/11/2025 - 08:24

(ВИДЕО) Скандал во Велес: Цеца исвиркана откако подигна бугарско знаме

Катерина Ѓуровски01/11/2025 - 11:5201/11/2025 - 12:03

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски27/10/2025 - 07:4627/10/2025 - 10:36

69 болни и немоќни лица денеска гласаат во Велес

Горан Наумовски18/10/2025 - 12:1218/10/2025 - 13:00

Каранфилова Пановска: Во центарот на програмата на СДСМ и Маја Хеско за Велес се граѓаните и нивните потреби

Горан Наумовски10/10/2025 - 13:06

Филипче од Велес: СДСМ имаше пет иницијативи за раст на платите, ВМРО-ДПМНЕ ги одби сите

Предраг Петровиќ04/10/2025 - 20:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен