Лидерот на Ал Каеда Ајман ал Завахри најави формирање на огранок на организацијата во Индија со цел да го прошири владеењето на исламот на индискиот потконтинент.
Според Завахири Ал Каеда ќе го прошири владеењето на исламот и џихадот на индискиот потконтинент преку формирање свои ограноци, како и дека новото крило на организацијата ќе ги спаси муслиманите од неправда и угнетување.
Во објавената видео снимка Завахири, исто така, го обнови долгогодишниот завет на лојалност на авганистанскиот талибански лидер Мула Омар.