Романскиот претседател Трајан Басеску изјави дека Врховниот совет за национална одбрана на земјата одобрил присуство на воени авиони на НАТО на аеродромите во Романија.
– Имавме денеска состанок на Врховниот совет за национална одбрана. Го разгледавме присуството на воени авиони на НАТО на територијата на Романија на ротациски принцип. Станува збор за авиони кои се дел од интегрираниот систем за одбрана на Алијансата и кои заедно со романската авијација ќе ја обезбедуваат воздушната полиција. Освен авионите-ловци, на романска територија ќе бидат ангажирани и 200 воени лица – пилоти, механичари, логистика, истакна Басеску.
На седницата на Советот билоразговарано и за можноста Романија да учествува како држава-координатор во проектот на НАТО за поддршка на Украина во областа на кибер-одбраната.