Украинскиот премиер Арсениј Јацењук го отфрли мировниот план на рускиот претседател Владимир Путин за решавање на ситуацијата во Украина.
– Ова е обид на Путин да го залаже Западот пред претстојниот самит на НАТО и да избегне нови санкции против Русија, предупреди Јацењук, додавајќи дека вистинскиот план на рускиот претседател „е да ја уништи Украина и да го обнови Советскиот сојуз“.
Според него, „сите претходни договори со Русија во Женева, Нормандија, Белин и Минск, беа запоставени или прекршени од рускиот режим“.
Претходно денеска рускиот претседател, за време на неговата посета на Монголија, изјави дека во телефонски разговор со својот украински колега Петро Порошенко успеале да најдат договор за решевање на конфликтот во источниот дел на Украина. Путин најави седум чекори, меѓу кои размена на заробеници, отворање на хуманитарен коридор за бегалците и за испорака на помош.