Нутриционистите советуваат дека одредени состојки во храната треба да се избегнуваат и доколку потрошувачите ги забележат на декларациите на производите да се откажат од нивно купување.
Вештачки засладувачи – Точно е дека овој вид на засладувач не содржи никакви калории, но неговото негативно дејство ја надминува неговата корисност при диета. Тие се поврзуваат со дијабетис тип 2 и зголемена потреба за калории, бидејќи вештачките засладувачи се околу 700 пати посилни од природните шеќери, па предизвикуваат поголема потреба за слатки.
Шеќер – Ако во било кој облик се јавува како еден од првите три состојки на производот, тогаш тој треба целосно да се избегнува.
Карамел бои – Иако истражувањата кои укажуваат на канцерогеното дејство на карамел боите се вршени врз животни, најдобро е да се избегнуваат производите кои ја содржат оваа состојка.
Карагинан – Станува збор за супстанца за згуснување, која може да се најде во млекото и млечните производи, а се уште не е целосно докажано дали е безбедна за употреба или не. Затоа најдобро е да се избегнува.
Транс масти – Вештачки незаситени масти обично се додаваат во прехранбените производи со цел да им се продолжи рокот на употреба. За жал, тие истовремено го зголемуваат и ризикот од срцеви болести.
Мононатриум глутаминат – Оваа состојка е најзастапен засилувач на вкусот, но предизвикува зависност од храна и дебелеење.
Фруктозен сируп – Тој укажува дека храната е преработена и изобилува со вештачки засладувачи. Лебот, слатките, кечапот и сосевите за салати најчесто ја содржат оваа состојка.