Меркел: НАТО ќе ги заштити балтичките земји, но нема да ги промени договорите со Русија

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека НАТО ќе го гарантира суверенитетот на балтичките земји на средбата во Велс оваа недела, но нема да ги промени договорите со Русија.

Според неа, сите мерки за кои НАТО ќе донесе одлука на претстојниот форум ќе бидат согласно договорите меѓу Алијансата и Русија, но НАТО исто така треба да ја подобри својата способност за брзо реагирање во регионот.

– Ние треба да ги задоволиме барањата на овие држави, а времето за реагирање од неколку месеци навистина не е од помош, истакна Меркел.

Запрашана во врска со предлогот на австралискиот премиер Тони Абот за исклучување на рускиот претседател Владимир Путин од претстојната средба на врвот на Г-20 во Бризбејн, таа одговори дека ќе го разгледа ова прашање со Абот кога ќе се сретне со него во брзо време.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Лавров: Русија е подготвена за војна со НАТО на Арктикот

Шефот на НАТО ги предупреди Европа и САД

Горан Наумовски