Пресудата Груевски против Заев ќе биде објавена во 15 часот

Од:

По давањето на завршните зборови на адвокатите на Груевски и Заев, судот се повлече на половина час за советување, по што ќе ја соопшти одлуката.

Адвокатот на Заев, Филип Медарски истакна дека доколку судот ги прифатеше сите предложени докази, ќе можеше да ја утврди не само основната причина, туку и вистинитоста на тврдењата на Заев.

„Како клучен сведок мораше да се сослуша Ден Дончев кој беше круцијален доказ во процесот, со што тужениот има основна причина да верува во она што го зборува“, изјави Медарски.

Адвокатот на Заев рече дека тужениот имал доволен број причини да ги изнесе своите сознанија за оцена на моралниот кредибилитет на тужителот.

Тој потсети и на праксата на Судот на Стразбур, каде што политичарите на врвни функции, треба да имаат највисок степен на толеранција на јавни критики и прозивки.

Тоа, како што рече е поради општествената моќ која ја имаат поради јавните функции, а воедно им се нуди можност сами да одговорат на прозивките преку јавни настапи.

И покрај намалувањето на отштетата од пола милион евра на 50 илјади евра, Медарски изјави дека сумата е астрономски висока согласно стандардите на Судот во Стразбур.

„Тоа ќе предизвика ефект на оладување врз слободата на изразување, за во иднина да не можат да се објават вакви стории“, изјави адвокатот на Заев.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев