Песков: Москва и Киев не постигнаа договор за прекин на огнот во Украина

Од:

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков изјави денеска дека нема договор меѓу Москва и Киев за прекин на огнот во источна Украина.

– Путин и Порошенко не се договарале за прекин на огнот во источна Украина бидејќи Русија не е страна во украинскиот конфликт, посочи Песков.

Претходно, пресслужбата на украинскиот претседател соопшти дека претседателот на Украина Петро Порошенко постигна договор со претседателот на Русија Владимир Путин за „постојан прекин на огнот“ во југоисточна Украина во регионот Донбас.

– Претседателите меѓусебно се договорија за чекорите што ќе овозможат да настапи мир, се посочува во соопштението објавено по телефонски разговор меѓу Путин и Порошенко.

Претходно, портпаролот на Путин, Песков изјави дека двајцата лидери се договориле воглавно за тоа што треба да биде преземено за да се заврши украинската криза.

– Ставовите на Путин и Порошенко за можните начини за прекин на оваа тешка криза во значителна мерка се исти, додаде портпаролот на рускиот претседател.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци