Градоначалничката на Кале предупреди дека ќе го затвори пристаништето

Од:

Градоначалничката на францускиот град Кале, Наташа Бушар  предупреди дека може да го затвори пристаништето, ако Велика Британија не преземе мерки против имигрантите, кои се обидуваат преку Ламанш од Франција да стигнат до Велика Британија.

Бушар наведе дека илегалните имигранти од цела Европа сакаат да отидат во Велика Британија поради добриот социјален систем.

Таа наведе дека илегалните имигранти им го отежнуваат животот на локалните жители. Бушар покани британаски претставници да го посетат Кале за да се убедат дека ситуацијата со илегалните имигранти во градот е многу тешка.

– Во градот во моментот има најмалку 1.300 илегални имигранти, посочи Бушар.

Ситуацијата во Кале беше една од темите на минатонеделната средба во Лондон на францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнов со британската колешка Тереза Меј.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата