„Чавес“ го замени Бог во молитвата на Социјалистичката партија на Венецуела

Од:

Социјалистичката партија на Венецуела го замени со името на покојниот претседател Уго Чавес, обраќањето кон Бога во своевидна варијација на основната христијанска молитва.

Варијантата на молитвата, изречена од делгатот Марија Естреја Урибе пред партиски состанок каде присутните аплаудираа, гласеше:

– Наш Чавес, кој си на небото, да се свети името твое и да дојде до нас твојот завет за да можеме да го распространиме на луѓето овде и секаде. Дај ни светлина и води не секој ден. Не не воведувај во искушенија на капитализмот, избави не од злото на олигархијата и од криминалот, бидејќи наша е татковината, мирот и животот во век и векови. Амин. Да живее Чавес!

На партискиот состанок присуствуваше и претседателот на државата Николас Мадуро.

Иако Уго Чавес почина во март 2013 година кон неговата личност се уште постои големна почит. Постери со неговиот лик се поставени низ цел Каракас, а државната телевизија постојано објавува делови од негови говори.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот

Демонстрантите во Венецуела ја урнаа статуата на Уго Чавез: Насилни протести по претседателските избори

Горан Наумовски