Попоски на Бледскиот стратешки форум

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска учествуваше на Бледскиот стратешки форум на кој во делот посветен на иднината на Западен Балкан, министри за надворешни работи, експерти и дипломати дебатираа како до подобра регионална соработка.

На дебатата беше истакната дека сите земји во регионот исправуваа историски неправди кои им биле нанесени во минатото. Секој својата.

– Денеска сме повеќе насочени едни кон други, поради слични интереси, економска логика и заедничка иднина, рече Попоски.

Во делот на излагањата за надминување на билатерални прашања во регионот, беше истакнато дека систематски се повторува во секоја прилика оти интеграцијата во Европа е врзана за принципи и вредности.

– Добро е тоа да се има предвид и кога земја членка притиска кандидат за непринципиелни отстапки кои се косат со сите вредности зад кои стои ЕУ и НАТО, порача Попоски.

Министерот Попоски ги најави и претстојните заложби на Република Македонија во 2015 година, во својство на претседавач со Централно европската иницијатива како една од најстарите и најпродуктивни регионални организации за подигање на регионалната соработка на едно поквалитетно и практично ниво, заедно со главните носители Италија и Австрија.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија