Две години затвор за Владо Бучковски

Од:

Апелациониот суд ја потврди пресудата од две години затвор за поранешниот премиер и министер за одбрана Владо Бучковски. Според соопштението на судот, Бучковски е виновен во предметот „Тенковски делови“

-Во врска со предметот во јавноста познат „Тенковски делови“ до Основен суд Скопје 1 – Скопје од страна на Апелациониот суд Скопје е доставена пресуда со која, жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје се одбива како неоснована додека жалбите на обвинетите В.Б., М.С., Н.М., А.Ѓ. и М.П., делумно се уважуваат.

Пресудата на Основен суд Скопје 1 – Скопје К.Бр.694/10 од 01.07.2013 година, се преиначува само по однос на одлуката за кривичната санкција така што обвинетиот В.Б. од Скопје кој со првостепена пресуда е огласен за виновен за кривичото дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.355 ст3. вв со ст1. од КЗ, согласно со чл. 4,32,33,35 и 39 од КЗ, се осудува на казна затвор во траење од 2 години, пишуваат од Апелациониот суд.

Бучковски беше обвинет заедно со началникот на генерал-штабот на АРМ, Методија Стамболиски и уште тројца,дека набавиле непотребно големи количини резервни делови за тенковите Т-55 во текот на 2001 година и ја оштетиле државата за 2,5 милиони евра.

На Методи Стамболиски Апелациониот суд му одреди казна од две години затвор, во која се пресметува и времето поминато во притвор. Истата казна останува и за Митре Петковски, директор на МЗТ ФОБ.

Со најновата пресуда од Апелациониот суд, обвинетите Нелко Менкиновски директор на МЗТ ФОП и Ацо Ѓурчевски поранешен државен советник во Министерството за одбрана сега добија условна казна од една година, која нема да се изврши доколку во следните три години не неправат ново кривично дело.

Во 2008 година, Бучковски и Стамболиски беа осудени на по три и пол години затвор, а останатите тројца добија по три години затвор.

Би можело да ве интересира

Бучковски: Решението е во Договорот за добрососедство помеѓу Бугарија и Македонија

Ќучук и Бучковски: Ѕидовите немаат место во нашите односи

Бучковски се сретна со Захариева

Жарко Настоски

Каракачанов: Бучковски има добра волја, но немаат тие што го испраќаат

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Бучковски во Софија со нон-пејпер со гаранции дека Македонија нема територијални претензии кон Бугарија

Катерина Ѓуровски

Бучковски: Заедничката историја не може да ја смениме ниту јас, ниту Захариева

Катерина Ѓуровски