Популарниот американски веб порталот „Јаху “ доцна сионќа посвети значителен простор на хокеј – спектаклот во Пула.
„Минатиот викенд, повеќе од 2000 години стариот римски амфитеатар беше трансформиран во најдобрата, досега невидена, хокеј арена“, стои во текстот.
„Видовме хокеј-арена и пред два месеца, во еден глечер во Швајцарија. КХЛ лигата планира да организира натпревар на носач на авиони. Одеднаш хокејот во стадионот во Мичиген не изгледа толку сензационално“, заклучуваат од „Јаху“.
Во текстот се вели дека организаторите морале да пренесат 150 тони опрема, од Италија, преку Загреб до Пула, а сето тоа чинело околу 500 илјади евра.