Грчки граничари во Егејско Море вчера задржаа четири часа една јахта, која пловела под британско знаме, а на неа се наоѓал поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили, изјави грузискиот амбасадор во Грција, Давид Бакрадзе.
Тој потврди дека оваа информација била добиена од началникот на полицијата на островот Самос.
Саакашвили бил на јахтата заедно со неколку граѓани на Грузија, Холандија и Турција.
Бакрадзе истакна дека при проверката на пасошите на патниците во јахтата во базата на податоци на грчките граничари се појавила информација за распишана потерница по Саакашвили од страна на Грузија.
– Тргнувајќи од фактот дека процедурите за меѓународна потерница по Саакашвили се уште не се завршени, грчките власти немале право да го уапсат, објасни грузискиот амбасадор.
По извршената проверка патниците на јахтата го продолжиле своето патување во правец кон Турција.